Европските млади инженери разменија идеи за развој на личните и професионалните вештини

Европските млади инженери разменија идеи за развој на личните и професионалните вештини

Млади инженери од сите европски земји учествуваа на 46-тата виртуелна конференција на тема „Поврзување на инженерските перспективи“. На конференцијата, во организација на Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија и под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, учествуваа 150 млади инженери. Конференцијата се одджува во годината кога се обележува јубилејот 100 години од формирањето на првото здружение на македонските инженери.

Тие ги разменија своите идеи за развојот на личните и професионалните вештини. Голем број мотивациски говори и предавања од директорите на ЕВН, УЛТРА, МЕПСО, ОКТА, КОСТАЛ и Коленко. Потоа универзитетски професори, експерти и многу други професионалци во рамки на автомобилската, прехранбената и медицинската индустрија, енергетиката и градежништвото, ги споделија своите знаења и искуства со младите инженери. На овој начин се цели кон креирање на мост помеѓу трендовите во новите технологии, како што се машинското учење, биоинженерингот, вештачката интелигенција и изнаоѓање решенија за борба против природните катастрофи предизвикани од климатските промени.

Конференцијата со свои обраќања ја отворија претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Инженерската институција на Македонија, Христина Спасевска, претседателот на македонските млади инженери, Николина Шутиноска и претседателите на Европските федерации на инженерите и на младите инженери, Ралф Апел и Фредерик Шулце Шпунтруп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *