Damwon Gaming се новите светски шампиони во League of Legends

Damwon Gaming се новите светски шампиони во League of Legends

Фановите на е-спортот имаа можност да уживаат во финалето на еден од најпопуларните е-спортови. Во финалето се судрија силите на Damwon Gaming од Јужна Кореја и Suning Gaming од Кина.

Ова беше првото финале за корејски тим по три годишна пауза. Последниот пат кога имавме корејски тим во финалето беше во 2017-та година кога во финалето се најде тимот на Samsung Galaxy. Таа година воедно и беше последен пат кога имавме корејски светски шампион. Сега, младите и надежни Damwon Gaming гледаа да го повторат истиот успех. На нивниот пат стоеја изненадувањето на целиот турнир, Suning Gaming.

Кинескиот тим го сруши темпото на целиот турнир со нивните изненадувања уште од групната фаза каде беа подобри од фаворитите G2 Esports. Потоа во четврт-финалето ги шокираа сонародниците од JD Gaming. Сепак најголемото изненадување го остварија токму на натпреварот пред финалето против прворангираниот кинески тим – Top Esports.

Кинескиот тим го сруши темпото на целиот турнир со нивните изненадувања уште од групната фаза каде беа подобри од фаворитите G2 Esports. Потоа во четврт-финалето ги шокираа сонародниците од JD Gaming. Сепак најголемото изненадување го остварија токму на натпреварот пред финалето против прворангираниот кинески тим – Top Esports.

Сепак, и покрај овие импресивни триумфи тие ја немаа улогата на фаворит одејќи кон финалето. Таа улога им припадна на Damwon Gaming. Сцената беше поставена и остануваше да видиме дали историјата повторно ќе биде во корист на Кина или пак од пепелта ќе се издигне гневната Јужна Кореја.

Натпревар 1

Во првиот натпревар, двата тима избраа композиција на херои кои имаат поголем приоритет во доцните делови од натпреварот. Имено ваквиот стил беше некарактеристичен за Suning. Тие, како тим од кинеската лига повеќе фаворизираат композиција што е добра при групни тепачки и уште поважно, раниот дел од натпреварот. На изненадување на многумина, сепак во поголемиот дел од натпреварот Suning го диктираа темпото на натпреварот. Беа на добар пат кон најавување на уште едно изненадување на овој турнир. За жал, во лошо координирана борба кај змејот во 21-вата минута, Damwon го сигнализираа својот камбек. Како резултат на лошата координација на Suning, корејскиот тим успеја да обезбеди Dragon Soul.

Но, не беше тоа доволно за корејскиот тим да си го направи овој прв дуел лесен како прошетка во паркот. Круцијална грешка на долниот дел од мапата го врати натпреварот во рацете на Suning.

Kако резултат на таа грешка, тимот на Suning обезбеди Elder Dragon на кој не се радуваa долго бидејќи веднаш сите членови на тимот беа избришани од мапата.

Крајот на натпреварот не дојде до 42-та минута кога тимот на Damwon го фати во својата пајажина противничкиот играч во џунглата, SofM. Во натпревар кој беше неизвесен до самиот крај, Suning направија една грешка. Таа грешка беше што дозволија играта да трае долго, нешто што е пракса во корејската лига.

Натпревар 2

Сепак во ваков вид на серија, а поготово и светско финале, мора да бидете спремни брзо да го „преинсталирате“ вашиот менталитет. Во вториот натпревар кинескиот тим се потпре на специјалитетите кои ги има LPL. Секако станува збор за херој кој може сам да ви го победи натпреварот од горниот дел на мапата. Најдобриот синоним за ваков вид на херој е Fiora која беше одбрана од страна на Bin. Колку е силна Fiora во рацете на кинески играч сведочи скинот на овој херој направен според TheShy од Invictus Gaming.

За жал, при преголемиот фокус на сопствената композиција, низ фазата на бирање/банирање помина Lucian. Овој херој за време на светското првенство им обезбеди лесна доминација на многу играчи на средината од мапата. Но најдоброто изненадување беше сочувано за крај од страна на SofM. SofM на крајот се одлучи да го игра Rengar.

Во најнеизвесниот натпревар од ова финале, првиот удар го зададе тимот на Damwon кога постигнаа First Blood во 12-та минута.

Одговорот на ова од страна на Suning беше феноменална борба покрај Rift Herald која им обезбеди три убиства, но и две умирања. Сепак победникот полека почна да се оформува околу 28-та минута кога huanfeng и SofM обезбедија Dragon Soul, но и уште три екстра убиства.

Додека тимовите се тепаа низ целата мапа, Bin со неговата Fiora бавно, но сигурно се претвораше во монструмот којшто се очекуваше да биде.

Крем де ла крем беше неговиот pentakill кој ја запечати судбината за Damwon во вториот натпревар. Со овој pentakill, Bin се запиша во историските книги како единствениот играч кој успеал да постигне pentakill во светско финале.

Натпревар 3

Кога ќе видите дека на еден играч му оди толку добро со еден херој, би очекувале наредниот натпревар противниците да го тргнат. Тоа можеби би било случајот со било кој друг тим, но не и со Damwon кои ја оставија отворена Fiora. Сепак од страна на Suning не се осмелија на таков потег, но избраа поинаков херој кој би можел да стори нешто слично. Покрај Jax, од страна на Damwon ја оставија и Akali во рацете на Angel. Angel во кинескиот регион поради неговата феноменална Akali го има добиено прекарот „ангел на смртта“.

Во овој натпревар Damwon ја согледаа грешката од претходниот натпревар, па решија дека Bin нема да го игра овој натпревар. Од самиот First Blood до крајот на натпреварот, неговиот Jax беше анулиран на секој можен начин.

Притисокот кој беше нанесен врз Bin остави простор за Angel да го направи своето и да ја стави својата Akali во голема предност. И покрај неговата совршена игра, лошото позиционирање при обезбедување на Elder Dragon ги чинеше скапо Suning.

Потоа дојде 38-ма минута каде имавме дежа ву од борбата близу Elder Dragon. Овој пат близу Baron кој на крајот заврши во рацете на Damwon.

На крајот ова го донесе крајот на третиот натпревар откако не беа успешни во бранење на базата SofM и SwordArt. Со овој триумф, Damwon ги делеше само една победа од тоа да се наречат себе си светски шампиони.

Натпревар 4

Да се биде или не беше прашањето за Suning. Дали ќе летаат високо или ќе паднат?

Нивната способност да се вратат во форма и кога нештата изгледаат невозможни ги донесе до финалето на светското првенство. За жал слично на Икар, Suning летаа премногу блиску до сонцето. Тоа не само што им ги тргна крилјата, туку и ги изгоре.

Последниот натпревар беше убедливо наједностраниот дуел од целата серија. Се почна со First Blood на долниот дел од мапата.

Потоа следеше борба близу Baron.

И на крајот последната шајка во ковчегот дојде во 26-та минута кога Damwon ставија крај на ова светско првенство. Тие не само што ставија крај на ова финале, тие го натераа светот да ја пее нивната песна во знак на прослава додека истовремено предизвикаа бран од тишина да го обземе Пудонг Фудбалскиот стадион во Шангај.

Паднаа Suning на домашен терен, а Damwon ставија крај на сушата за Јужна Кореја. Како MVP на ова светско првенство си замина Canyon кој од џунглата го предводеше целиот тим на Damwon.

Кои херои ќе добијат скинови?

Како што оди традицијата на светското првенство, светскиот шампион добива скинови за секој играч, за херој по свој избор. Така, Damwon им дозволи на фановите да добијат мала перспектива околу тоа кои херои би ја добиле таа чест.

Nuguri(Top) – Kennen
Canyon(Jungle) – Graves
ShowMaker(MId) – Twisted Fate
Ghost(ADC) – Ashe, Jhin или Caitlyn
BeryL(Support) – Leona или Pantheon

ПРИКАЗНАТА РАСКАЖАНА НИЗ ПРИЗМАТА НА ФОТОГРАФИИТЕ(ГАЛЕРИЈА)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *