Алаба го напушта Баерн Минхен

Алаба го напушта Баерн Минхен

Целата 2020 година трае сагата помеѓу Австриецот Давид Алаба и Баерн Минхен за евентуално продолжување на неговиот договор. Во досегашниот период до тоа не дојде, а очигледно ниту пак некогаш ќе се случи, со оглед на тоа што Баерн одлучи да “пресече” и да му дозволи едноставно на Алаба да го напушти германскиот клуб како слободен играч.

Алаба има договор кој важи до крајот на оваа сезона, иако во меѓувреме Баерн безброј пати му понуди различни форми на договор кои тој одлучно ги одби.

Алаба изгледа “алчен” за пари, иако Баерн му даде кариера каква што може еден играч само да сонува, иако тој го заслужи секој епитет и доверба со својата игра. Тој е дете на Баерн Минхен кое игра за баварскиот клуб упте од 16 годишна возраст. Сега Австриецот е силно поврзан со трансфер во Ливерпул, а Клоп неколку пати ја изрази својата желба да го доведе во своите редови.

– Му понудивме многу добра и фер понуда во овие тешки времиња. Му рековме дека сакаме да добиеме одговор до крајот на октомври, но не го добивме. После тоа контактиравме со неговиот менаџер кој рече дека понудата не е доволно добра. Сега во целост одлучивме да ги завршиме преговорите и повеќе нема да му нудиме нов договор – кажа претседателот на Баерн,Херберт Хајнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *