Легендата на Јунајтед, Боби Чарлтон страда од деменција.

Легендата на Јунајтед, Боби Чарлтон страда од деменција.

Медиумите на Големиот Остров веќе некое време пишуваа за лошата здравствена состојба во која се наоѓа 83-годишниот Сер Боби Чарлтон, а сега информацијата беше потврдена и од неговата сопруга Норма.

Набрзо по потврдата од сопругата, се јави и Манчестер јунајтед, каде што настапуваше Чарлтон од 1956 до 1973 година, таму доби статус на легенда, особено поради лојалноста кон клубот до ден денес, пред се со неговото присуство на речиси секој натпревар кој го игра Манчестер Јунајтед.

На социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден се огласи и Маркус Рашфорд-Од првиот ден, овој човек е се што сакав да бидам во животот. Професионален, талентиран, внимателен, легендарен. Господине Боби, Вие сте мој херој и уништен сум што морате да поминувате низ ова. Останете силен, сите Ве сакаме!

„Многу сме тажни поради веста дека страшна болест го погоди Сер Боби Чарлтон. Продолжуваме да му даваме љубов и поддршка на неговото семејство“, соопштија од премиерлигашот.

Чарлтон во својата кариера одигра 758 натпревари за Јунајтед и притоа постигна 249 голови, а освои три титули во англиската Премиер Лига, ФА-купот и Купот на шампионите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *