Наследници продале куќа полна богатство вредно 500.000 евра

Наследници продале куќа полна богатство вредно 500.000 евра

Општината Морез, која се наоѓа во источна Франција откупи куќа во приватна сопственост вреда 130.00 евра. Интересен момент е наоѓањето на преку илјада златни монети и неколку златни шипки во вредност од половина милион евра. Ова богатство било пронајдено во стаклени тегли во внатрешните делови на објектот, објавија француските медиуми.

Фасцинантно е што тие пари сега се во државна сопственост, т.е во сопственост на општината, па така сега Морез как општина има буџет зголемен за 500.000 евра, што предизвика причина за радост и возбуда кај градските власти.

Намерата на градот Морез со населеност од 5.000 жители била да ја реновираат куќата и од неа да создадат две продавници на долниот и горниот кат. Куќата била пред распаѓање, уништена и полна со непотребни предмети и ѓубре.

Како биле пронајдени тие 500.000 евра?

Морето е град со 5.000 жители, а градот случајно ја купил таа куќа во центарот на градот, со желба да ја реновира и да направи две продавници на приземјето и станови на горните два ката. Во моментите кога започнале со чистење на куќата, дошле до ова неочекувано откритие. Овде го оставаме и директниот извор за оваа интересна вест која ни го привлече вниманието.

-Кога требаше да ја средиме куќата, вториот кат падна ми падна мене. Наидов на најлонска ќеса полна со конзерви и стари стаклени шишиња за кисели краставички. Сфатив дека лименките се полни со парички, но не ја знаев нивната вредност. Потоа видов златни шипки и срцето ми заигра. Шипките и монетите ги чувале членовите на семејството Жобес со децении, рекол Мартин Ријалан, кој работи во општината.

Кога починал последниот член на семејството Жобес, кој немал наследници, далечни роднини ја наследиле куќата и решиле да ја продадат, не сфаќајќи какво богатство се крие внатре. Сега сигурно ви е полесно кога ќе помислите дека минатата недела поради еден натпревар не погодивте тикет за 10.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *