МЗТ поразен на гостувањето кај Работнички

МЗТ поразен на гостувањето кај Работнички

МЗТ Скопје ја загуби дерби средбата во рамките на првото коло од Првата македонска кошаркарска лига, откако во „Градски Парк“ на гостувањето кај “Романтичарите”беше поразен со 94-90. 

Капитенот на аеродромци, Дамјан Стојановски постигна 11 помени и беше играчот со најмногу поминати минути на теренот, меѓутоа тоа не беше доволно МЗТ да го добие “вечното дерби” на македонските кошаркарски великани. Питс беше најубедлив на паркетот со 29 поени, додека пак кај гостите најефикасни беа Олуџоби со 19 и Магдевски со 17 поени .Интересна и воочлива беше и промената на имиџот на Дамјан Стојановски кој сега има долга коса фатена во реп, изгледа кој не сме навикнати да го гледаме.

Статистиката од целиот меч може да ја погледнете овде

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *