Најчести кошмари и што тие значат

Најчести кошмари и што тие значат

Човечкиот ум работи на чудни начини и секогаш наоѓа начин да комуницира со нас кога нешто не е во ред. Таков пример се кошмарите. Тие слично како и соништата ни покажуваат перспектива за која можеби и не сме ни самите свесни.

Преку кошмарите, мозокот ги процесира и обработува информациите и настаните коишто се случиле во текот на денот. Еве ги најчестите кошмари и што тие точно значат.

1. Некој ве брка

When You Have Dreams About Being Chased - Spiritual Unite

Во овој кошмар човекот најчесто сонува дека е бркан од страна на некакво чудовиште или пак убиец. Преку овој сон, мозокот ни дава до знаење дека некој не прави да се чувствуваме непријатно или пак во најлош случај, загрозено. Доколку сакате да дознаете која е таа личност, се што треба да направите е да споредите одредени својства и одлики на чудовиштето со луѓето кои ве опкружуваат.

2. Гол/-а пред луѓе

Замислете дека стоите на јавно место исполнето со луѓе кога сфаќате дека сте голи како од мајка родени сред „публика“. Најчесто при овој кошмар во „публиката“ сите се облечени и ви се смеат. Ваквиот кошмар сигнализира дека имате страв од тоа да бидете отворени со луѓе т.е. нешто криете.

3. Паѓање или давење

Drowning Dream Meaning and Interpretations

Кошмарите во кои паѓате од небото или пак во спротива се давите во вода претставува чувство на несигурност или недостаток на поддршка во вашиот живот. Тоа особено се однесува на луѓето кои во одреден миг се соочуваат со нешто навистина големо во животот.

4. Паѓање на тест

A psychologist explains the meaning behind dream of failing your exams.

Слично како во реалниот свет, така и при овој сон, имате некаков вид на тест кој не можете да го положите поради различни причини. Понекогаш го паѓате, можеби сте отсутни тој ден или едноставно не успевате да ја пронајдете просторијата. Тестирањето всушност сигнализира дека очекувате истото да ви се случи во блиската иднина во вашиот живот, но не сте припремени за тоа.

5. Да се биде изгубен, заробен или погребан

10 Common Nightmares That Everyone Has – Page 7

Ова ви налага дека има некаков вид на фрустрации со кои се соочувате во вашиот живот. Може да значи различни работи, од тоа да сте заглавени и тапкате во место на вашето работно место, кариерата или пак врска во којашто можеби се чувствувате заробени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *