Во БиХ ракометари болни од корона намерно одиграле натпревар

Во БиХ ракометари болни од корона намерно одиграле натпревар

Управата на клубот ,,Босна” потврди дека дури шестмина од нивните ракометари биле заразени од Ковид-19 во моментот кога настапиле во текот на вчерашната вечер на натпревар од ракометната Премиер лига на Босна и Херцеговина против екипата на “Криваја”.

Конкретните шест ракометари на Босна за кои станува збор веќе имале сериозни симптоми на вирусот уште од претходната недела, а Босна иако побарала одложување на натпреварот во текот на претходниот ден, челните лица на Криваја одбиле. Босна го загубила натпреварот со 31:33.

Медиумите во БиХ објавија дека болните играчи играле и покрај здравствените проблеми. Тоа е прилично опасно поради растот на заболени од корона вирус во БиХ, како и секаде на Балканот. Потегот што го направиле бил своевиден начин на одмазда за тоа што било одбиено нивното барање.

„Криваја намириса крв и не сакаше да го одложи натпреварот. Победија, но што се однесува до фер-плејот, тие не се спортисти. Поените се освојуваат и се губат, но не можете да ги зачувате пријателите со вакви работи “, соопшти РК Босна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *