Џеф Безос заработи нови 3 милијарди долари

Џеф Безос заработи нови 3 милијарди долари

Шефот на Амазон Џеф Безос повторно продал акции од својата компаниј, а овој пат во вредност од 3 милијарди долари, покажуваат податоците на Американската комисија за хартии од вредност и берзи (СЕЦ).

Безос од продажба на акции оваа година веќе успеа да заработи дури 10 милијарди долари, објави СЕЦ.

Безос во 1994 година го основа Амазон и сѐ уште е најголемиот акционер на компанијата, а воедно и најбогатиот човек на светот. Неговата поранешна сопруга стана најбогатата жена на светот, со самото тоа што се разведе од него и зема голем дел од неговото богатство.

Богатството на 56-годишникот се проценува на 190 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот според Форбс и Блумберг.

Вредноста на Амазон е проценета на 1,6 билиони долари, а од почетокот на оваа година порасна за повеќе од 75 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *