Денес не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Денес не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Претпладне не очекува променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите полека ќе престануваат, а облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во прилог линк од AccuWeather за постојано следење на времето каде и да сте.

дожд

Сепак не очекува спокоен викенд кога станува збор за нашите планови. Од петок и во следните денови утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, така што ќе биде одлична прилика да побегнете од градот и да поминете некое релаксирано викенд свежо утро во планина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *