Повторно богата вечер во Лигата на Шампиони

Повторно богата вечер во Лигата на Шампиони

Очигледно фудбалерите во поопуштена атмосфера без навивачите на трибините уживаат да постигнуваат голови. И изминатата вечер во Лигата на Шампионите беа постигнати високи 27 погодоци, а покрај тоа вечерта ја направија интересна и неколкуте пенали и црвени картони.

НЕКОИ ОД НАЈУБАВИТЕ ГОЛОВИ ПОСТИГНАТИ ОВА КОЛО

Во групата Е, Челзи против француски Рен рутинирано славеше со 3-0, а клинички прецизен беше новиот германец во редовите на Сините, Тимо Вернер со 2 гола од белата точка. Севиља иако со црвен картон, успеа да дојде до тотален пресврт и после 0-2, да победи против Краснодар со 3-2 на домашен терен.

Во групата Ф, ремизираа Зенит и Лацио во Петербург, а Дортмунд беше убедлив на гости кај Клуб Бриж со 0-3, со нови 2 гола за младиот Ерлинг Халанд. Во Групата Г, Барселона несигурна, меѓутоа успеа да слави со 2-1 против Киевски Динамо, додека пак Јувентус го победи Ференцварош во Унгарија со 1-4.

Двете големи изненадувања во Лигата на Шампиони се случија во Групата Х, каде со идентичен резултат од 2-1 беа поразени на гостински терен фаворитите Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Англичаните поради своите дефанзивни пропусти во првото полувреме си ја запечатија својата судбина во Истанбул, додека пак шареноликиот состав на ПСЖ не успеа да му парира на гневниот Лајпциг кој прими 5 гола минатото коло од сега поразениот Јунајтед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *