Мечето Теди од Штип, отпатува за Белица, Бугарија

Мечето Теди од Штип, отпатува за Белица, Бугарија

Прекрасното мече Теди повеќе од три години се мачеше и живееше во катастрофални, крајно лоши услови во кафез во ЗОО паркот во Штип. Меѓутоа дојде денот кога и мечето Теди ќе види среќа во неговиот животински век, откако денес отпатува во резерватот поддржан до фондацијата на Брижит Бардо и “4Paws International”, кој се наоѓа во Белица, Бугарија, каде што ќе биде подобро негуван и соодветно сместен

„Ќе пробам да заборавам на сите лоши работи и сите луѓе кои не кочеа во процесот Теди да биде спасен.
Денеска КОНЕЧНО мечето ќе патува во резерватот на Брижит Бардо и „Четири шепи“. Не можам да ви објаснам колку сум среќна после година ипол борба. Се надевам и ти Теди ќе заборавиш на се’ лошо што ти се случуваше и ќе уживаш на 150 000 м2 во трчање“, објави Мицковска на својот фејсбук профил.

Убвата вест ја соопштија и од ЗОО Скопје.

„По иницијатива на нашата колешка Тина која го водеше целиот процес беа исконтактирани 4Paws, најдобрата светска организација за заштита на животните кои ни помогнаа Теди да замине на подобро место“, се вели во објавата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *