Најбогатите претседатели во историјата на САД

Најбогатите претседатели во историјата на САД

Да се биде претседател е голем успех, како во цивилна, така и во монетарна смисла. Па, ајде за време на хаосот од овие избори да видиме кои претседатели биле најбогати во историјата на САД

Бил Клинтон

Бил Клинтон

Прв на оваа листа го имаме контроверзниот Бил Клинтон. Токму таквата репутација му донесе огромно богатство и го направи еден од најбогатите претседатели по завршување на својата функција. Тој заработи милиони благодарение на неговата автобиографија „Мојот живот“. Останатиот дел од богатството дојде од неговата сопруга, Хилари, преку нејзините мемоари. Проценетото богатство на Клинтон изнесува 75,9 милиони долари.

Херберт Хувер

Херберт Хувер

На деветто место го имаме 31-от претседател на САД, Херберт Хувер. Иако неговиот живот почнал скромно бидејќи тој бил сирак, тој дипломирал на Универзитетот Стенфорд. Пред да се вивне во водите на политиката, тој работел како рударски инженер. Подоцна тој купил неколку рудници кои му оствариле богатство во износ од 83 милиони долари.

Линдон Џонсон

Линџон Џонсон

Линдон Џонсон своето богатство го постигнал откако се оженил за Клаудија Тејлор, една од најбогатите жени во тоа време. Заедно, тие создале империја во Тексас, но најголемиот дел од парите биле остварени благодарение на радио станица во сопственост на неговата сопруга. Проценетото богатство на Џонсон изнесува 109,3 милиони долари.

Џејмс Мадисон

Џејмс Мадисон

Џејмс Медисон бил роден во богато семејство. Неговите родители биле богати жардиниери и преку наследување на бизнисот, богатството му припаднало нему. За жал, кон крајот на својот живот тој бил во тешки долгови поради лошите инвестиции како и злобниот живот на неговиот посвоен син. Неговото проценето богатство изнесува 113,3 милиони долари.

Ендру Џексон

Ендру Џексон

Еднру Џексон своето богатство го стекнал благодарение на неговата успешна кариера како адвокат. Сепак, работата не е единствениот извор на неговото богатство. По смртта на неговата сопруга, тој наследил огромна сума пари од неа. Таа починала непосредно пред да стане претседател. Неговото проценето богатство изнесува 132,6 милиони долари.

Теодор Рузвелт

Теди Рузвелт

Теодор Рузвелт бил роден во семејство низ кое течело сина крв. Наследството му ги донела сите 139,7 милиони долари.

Томас Џеферсон

Томас Џеферсон

Томас Џеферсон бил богат семјопоседник и поседувал голем број. Сепак на залезот од својот живот, починал како должник поради лошите инвестиции и пропуштените можности. Дури ни богатство од 236,8 милиони долари не успеало да го искупи од рацете на смртта.

Џорџ Вашингтон

Џорџ Вашингтон

Џорџ Вашингтон своите 587 милиони долари ги остварил благодарение на неговите успеси како генерал и политичар, но дел од тоа наследство е и од неговиот полубрат.

Џон Кенеди

Џон Кенеди

Кенеди е име кое со генерации било синоним за богатство. Не е ни чудо што Џон Кенеди е вториот најбогат американски претседател. Оваа претседателска глава има проценето богатство од 1.1 милијарда долари.

Доналд Трамп

Доналд Трамп

Убедливо најбогатиот претседател во историјата на САД е оној кој ѝ кажа „не“ на претседателската плата. Станува збор за се уште актуелниот претседател, Доналд Трамп. Покрај бизнисот со недвижнини, тој наследил и 413 милиони долари од неговиот татко. Тоа е далеку поголема бројка од едниот милион кој му бил „позајмен“ од страна на татко му. Неговите стратегии, Трамп го донесоа на богатство од 3,1 милијарда долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *