Манчестер Јунајтед стапи во контакт со Покетино

Манчестер Јунајтед стапи во контакт со Покетино

Според она што го пишуваат медиумите на Големиот Остров, Манчестер Јунајтед по синоќешната бламажа во Лигата на Шампионите, започнува со потрага по нов капетан на кормилото на бродот кој ако не го смени правецот на едрење, пишано му е да потоне. Тој иден капетан е изгледа Маурицио Покетино.

Според последните информации, раководните структури на Манчестер Јунајтед веќе стапиле во контакт со претставниците на поранешниот тренер на Тотенхем, Аргентинецот Маурицио Покетино. Реномираниот стратег наводно ја прифатил изразената желба на “Црвените Ѓаволи”, откако очигледно сфатија дека нема да може да се оди понатаму со Оле Гунар Солшер како тренер на англискиот тим.

Доколку му се верува на медиумот „Фудбал Лондон“, Покетино веќе поставил одредени барања до клубот, доколку сакаат да се движи сезоната и позицијата на табелата во позитивен правец.

Покетино побарал од клубот уште во текот на зимскиот преоден рок да му биде дадена можност да ги засили редовите со двајца играчи, а пред се еден брз крилен играч во напаѓачките линии. На Одион Игало позајмицата му завршува токму во јануари, а со оглед на тоа што се мали шансите да биде продолжена, популарниот “Поч” побарал од клубот да потпише и еден истакнат напаѓач, и тоа имено Хари Кејн за 100 милиони фунти.

Иако се мали шансите Тотенхем да го пушти зимава, самите преговори ќе значат чекор понапред во самата трансфер сага која ќе се одвива летото, со оглед на тоа што тогаш на Покетино ќе му биде “одврзано ќесето” и ќе може да ги оствари своите трансфер желби без апсолутно никакви резерви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *