Се уредува дворот на новата зграда на училиштето „Димитар Македонски“

Се уредува дворот на новата зграда на училиштето „Димитар Македонски“

Интензивно се работи на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче и сè се одвива според предвидената динамика.

Моментално се поплочува дворот на објектот со павер-елементи, по што ќе бидат поставени клупи за седење, како и друга урбана опрема. Исто така, интензивно се работи и на внатрешноста на објектот.

Првата фаза ќе заврши до Нова година, а целиот објект ќе биде готов идната година.

Новата училишна зграда е со површина од 2 840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици. Ќе биде опремена со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *