Учениците од средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“ започнаа пракса во Тутунски комбинат

Учениците од средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“ започнаа пракса во Тутунски комбинат

Ученици од прилепското средно општинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ пред еден месец започнаа со практична настава во Тутунски Комбинат „Прилеп“. Со пракса започнаа седум средношколци од електро-машински сектор што кореспондира на потребите на ТКП.

– Со започнување на практичната настава за нашите ученици, продолжува соработката со ТКП. Реализацијата на практичната настава директно се одразува на нашите ученици, ја поттикнува нивната мотивираност, ги обучува во кадри кои во иднина може да бидат дел од колективот на фабриката и со тоа им отвора нови перспективи. Ваквиот чекор на Тутунски комбинат ги актуализира по малку запоставените технички струки, што несомнено имаат големо значење за индустрискиот сектор, посебно на локално ниво – изјави Билјана Трајкоска, директор на средното училиште.

Како компанија ориентирана кон индустриски производни процеси, директорот на ТКП, Кире Станкоски вели дека многу добро ја разбираат улогата на стручното образование и техничките кадри.

– Постојано имаме потреба од овие профили, со оглед дека ТКП со помош на Филип Морис помина процес на модернизација со што значително го зголеми производните стандарди и токму затоа имаме потреба од добро профилирани технички кадри со теоретски знаења кои ќе ги надградат со практична работа во современа компанија со модерни стандарди за работа. Ова е пример како треба да соработуваат индустрискиот сектор и образовните институции – изјави Станкоски.

ТКП пред две години во училишниот центар вложи 80 илјади долари во реновирањето на училниците за стручна настава и опремување со најсовремена опрема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *