10 интересни факти за брокулата

10 интересни факти за брокулата

Брокулата е зеленчук кој буди различни чувства помеѓу луѓето. Многумина го презираат, а истовремено има и луѓе кои обожаваат да го јадат три пати на ден! Без разлика дали ви се допаѓа или го мразите, не можете едноставно да го негирате фактот дека брокулата е исклучително здрав тип на зеленчук со чија консумација позитивно инвестирате во вашето здравје. Во прилог прочитајте ги овие 10 најинтересни факти за брокулата.

10 Интересни Факти за Брокулата

  • 1.Зборот „брокула“ доаѓа од латинскиот збор „brachium“ и италијанскот збор „braccio“ што значи „рака“.
  • 2.Брокулата е дел од фамилијата на зелки.
  • 3. Од моментот на засадувањето, на брокулата и се потребни од 70 до 140 дена за да созрее.
  • 4.Брокулата  се прославила во 19-иот век кога италијанските имигранти за прв пат го претставиле овој зеленчук на американскиот народ. Ја има во различни бои, од темно-зелена до пурпурно-зелена.
  • 5.Содржи МНОГУ витамин Ц и влакна.
  • 6.Во лабораториски тестови, покажала дека се бори со канцерогени клетки.
  • 7.Америка е рангирана како трета во производство на брокулата, втора е Кина, а прва е Индија.
  • 8. Еден просечен Американец консумира од 3 до 4.5 килограми брокула годишно.
  • 9.Брокулата е еден од оние зеленчуци кои предизвикуваат најмногу гасови, така што ако имате гастроинтестинални проблеми, консумирајте ја во ограничени количини.
  • 10. За разлика од постоењето на различни механизирани начини за берење зеленчуци, не постои машина која што може да помогне во берењето на брокулата. Најчесто тоа се прави со најобичен нож, а притоа се внимава на начинот на кој се сече плодот, со оглед на тоа што брокулата е прилично нежно растение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *