Нова корисна алатка на “WhatsApp” апликацијата

Нова корисна алатка на “WhatsApp” апликацијата

Сите видови на медија содржини кои пријателите ви ги праќаат преку „WhatsApp“ можат да заземаат прилично голем дел од внатрешната меморија на вашиот мобилен телефон, а тоа да не го земате на ум, особено со оглед на тоа што исто како и на Вибер, на ваквите апликации содржините се симнуваат автоматски.

Многу е напорно да поминувате преку секоја содржина која се симнала поединечно и да размислувате дали сакате да ја избришете или не. Заради тоа, новата функција во рамки на „WhatsApp“ е повеќе од добредојдена, таа го олеснува чистењето и ви помага да ги одберете и избришете непотребните податоци.

Новата алатка на апликацијата „WhatsApp“ ви помага да ги групирате големите датотеки кои се неколку пати проследени, за да можете сите наеднаш да ги одберете и да ги избришете. Исто така, врши многу корисно сортирање на датотеките по големина, нешто што сами никогаш не би почнале да го правите, што значително ја олеснува вашата задача и одлука околу тоа што да избришете.

Нормално, ако како многумина, така и вас ве иритира автоматското симнување на датотеки од ваквите апликации, можете едноставно да го исклучите автоматското зачувување на „WhatsApp“ датотеките, така што ќе отворите „Settings“, потоа ќе ја исклучите опцијата „Save to Camera Roll“ или „Media visibility“, во зависност од тоа кој оперативен систем го користите, Андроид или iOS.

Ако сакате да остане така како што е и да ја пробате новата алатка, тогаш потребно е да отворите „Settings”, потоа „Storage and data”, и потоа „Manage storage”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *