Од следната сезона, во Формула 1 ноќна трка и во Саудиска Арабија

Од следната сезона, во Формула 1 ноќна трка и во Саудиска Арабија

На големо задоволство на фановите на Формука 1, од следната сезона една од трките во шампионатот ќе се вози и во Саудиска Арабија, а настанот ќе се одвива во ноќни услови. Знаејќи колку уживаат, не само љубителите на овој спорт, туку и неутралните гледачи да гледаат трки осветлени само од светлата на патеката, ова беше прифатено како многу позитивна и радосна вест.

Иако се уште не потврден календарот на следната година, организаторот на трката најави дека таа ќе се одржи во ноември и ќе се вози во вториот град по големина во Џеда.

“Саудиска Арабија забрзано чекори кон вистински центар за спорт и забава. Во последниве години во земјата се организирани голем број на спортски настани и навистина сме среќни што во следната сезона во Саудиска Арабија ќе се одржи една трка од шампионатот”, изјави првиот човек на Ф1, Чејс Кери.

Саудиска Арабија по Бахреин и Абу Даби ќе биде третата земја од Блискиот исток што ќе биде домаќин на најдобрите возачи во Формула 1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *