Дани Карвахал уште нови две години во Реал Мадрид

Дани Карвахал уште нови две години во Реал Мадрид

Реал Мадрид е се поблиску до продолжување на договорот на својот дефанзивец Дани Карвахал, соопшти „Марка“. Според шпанскиот весник, новиот договор со 28-годишниот Шпанец ќе се пресметува до крајот на јуни 2024 година. Во сезоната 2020/21, Карвахал вкипно одигра три натпревари за Реал Мадрид и забележа една асистенција. Иако можеби сега нема редовна минутажа како порано, очигледно според Зинедин Зидан станува збор за алка во тимот која и наредните две години ќе биде од исклучителна важност за кралскиот клуб. Тековниот договор на одбранбениот фудбалер важи до крајот на јуни 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *