Новата НБА сезона започнува на 22 декември

Новата НБА сезона започнува на 22 декември

Договорен датумот на почеток на новата сезона во најдобрата кошаркарска лига во светот. Oткако асоцијациjата на кошаркари и раководството на НБА-лигата конечно најдоа заеднички јазик, донесена е заемна одлука американското кошаркарско првенство да започне на 22 декември. Новитет во претстојната сезона ќе биде бројот на натпревари во регуларниот дел, кој се намалува за 10 натпревари и ќе изнесува 72. Со ова најверојатно ќе се компензира и ќе се најде простор за минимален временски период во кој ке можат кошаркарите на САД да се подготват за Олимписките игри во Токио кои почнуваат во јули следното лето.

“За останатите детали ќе разговараме во следниот период, а Здужението е убедено дека ќе се постигне договор за сите прашања и предизвици, кои се пред нас“, пишува во соопштението за НБА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *