Погба се поблиску до заминување од Манчестер Јунајтед

Погба се поблиску до заминување од Манчестер Јунајтед

Францускиот интернационалец и играч на тимот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, според последниот информации кои доаѓаат од Големиот Остров, поточно од весникот “Daily Mail”, е само на чекор пред заминување ова лето од Олд Трафорд.

Британскиот весник пишува дека постојат големи шанси 27-годишниот играч за врска да премине во Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок. Погба во повеќе наврати ја има јавно изразено желбата да му се приклучи на кралскиот клуб, велејќи дека е нешто за кое сонувал уште од дете. Сега тој изгледа е чекор поблиску да го оствари, откако Манчестер Јунајтед ја симнале неговата цена на 60 милиони евра.

Оваа сезона Погба има скромен учинок од 1 гол и 2 асистенции на 10 одиграни натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *