Нов позитивен во ракометната репрезентација на Македонија

Нов позитивен во ракометната репрезентација на Македонија

Македонската репрезентација успешно го помина квалификацискиот тест против тимот Финска, каде рутинирано триумфиравме со 33-24, а сега на ред е гостувањето во Швајцарија, во сабота од 18:30.

Меѓутоа пред соочувањето со Швајцарците, во текот на вчерашниот ден имаше многу шпекулации околу евентуално одложување на натпреварот за еден ден, меѓутоа до тоа не дојде. Сега се официјализираше информацијата дека во нашата репрезентација има уште еден позитивен на Ковид-19.

Во Стручниот штаб има уште еден позитивен кој останува во Скопје. Станува збор за еден од помошниците на Данило Брестовац, поточно еден од тренерите на голманите, додека останатиот дел од тимот продолжува за Шафхаузен каде утре во 18.30ч го игра натпреварот кој е уште еден убав тест за нашата ракометна репрезентација.

Во меѓувреме останува да се надеваме дека нема да настанат некои нови проблеми кои нема да го отежнат само настапот, туку и целокупното искуство на ова во тој случај, долго и макотрпно патување на нашите ракометари во Швајцарија. За квалификациите на Европското Првенство во Словачка и Унгарија во 2022г, се наоѓаме во група со Финска, Швајцарија и опасниот, честопати немилосрден фаворит, Данска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *