Баерн подобар од Борусија во големото германско дерби

Баерн подобар од Борусија во големото германско дерби

Во седмото коло од германската Бундес лига се одигра најголемото фудбалско дерби помеѓу великаните од Минхен и Дортмунд. Во некои поинакви времиња, трибините ќе преполни, а атмосферата ќе го наежеше и оној кој не е заљубен во најубавата споредна работа на светот, фудбалот. Каков фудбал одиграа Баерн и Борусија?

Прво полувреме (Баерн-Борусија)

Како и секогаш, така и овој пат фудбалерите на двата тима успеаа да приредат вистинска претстава, шоу за секој вљубеник во спортот, а особено оној кој е навивач на еден од двата тима. Уште во 27. минута, феноменот Роберт Левандовски постигна гол, меѓутоа беше поништен поради ВАР. На крајот од изедначеното прво полувреме, како што беше и во текот на целиот меч, Марко Ројс на асистенција на Гереро успеа да ги постави почетните 1-0 на прекрасниот Сигнал Идуна Парк. Сепак, полувремето не заврши со тој резултат, бидејќи Давид Алаба, кој е на излезни врати од клубот, постигна гол за изедначување на асистенција на Томас Милер. Сега Милер ја надмина бројката од 200 асистенции во својата кариера, а патем има постигнато 205 голови. Тоа се навистина луди бројки.

Второ полувреме (Баерн-Борусија)

На почетокот од второто полувреме Баерн силно притисна, а тоа им донесе гол уште во раната фаза на вториот дел. Во 48. минута Роберт Левандовски продолжи да го полни своето конто сезонава со својот 11ти гол во лигата. Играта продолжи да биде привлечна со многу шанси и прекрасна игра на средината на теренот. На 10 минути пред крајот, Лерој Сане постигна нов гол за Баерн, а овој пат Левандовски беше во улога на асистент за водство од 1-3. За да биде крајот неизвесен како што му доликува на едно “KLASSIKER” дерби, само 3 минути подоцна, во 83. минута вонсериската млада ѕвезда, Ерлинг Халанд постигна прекрасен гол за 2-3 откако со прекрасен маневар го заобиколи Ноер на голот на Баерн.

До крајот беше неизвесно, меѓутоа резултатот остана непроменет, иако во судиското продолжение Левандовски постигна уште еден гол кој беше поништен од ВАР, па ако ги броиме сите голови на Левандовски на овој натпревар, би биле вкупно 4. Ова инаку беше натпревар број 300 за Роберт Левандовски во дресот на Баерн Минхен, тимот за кој постигна досега вкупно 259 гола.

Сега Баерн Минхен е прв со 18 бодови, додека пак Борусија Дортмунд се наоѓа на третото место со 15 освоени бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *