Зидан го сака Лаутаро Мартинез

Зидан го сака Лаутаро Мартинез

Шпанскиот весник АС тврди дека Зинедин Зидан е одлучен во своите редови да го донесе играчот од редовите на Интер, напаѓачот Лаутаро Мартинез.

Лаутаро со своите настапи, пред се во Лигата на Шампиони го импресионирал Зинедин Зидан и посакал во иднина да го види во редовите на Реал Мадрид. Тренерот на кралскиот клуб имаше прилика да го гледа Лаутаро во настапите токму против неговиот тим, кога во Лигата на Шампионите Реал Мадрид го победи тимот од Милано со 3-2. На тој меч Лаутаро забележа гол и асистенција.

Според тоа што го тврдат шпанските весници, Зидан веќе го контактирал Флорентино Перез околу можноста да се оствари овој трансфер. Притоа бил убеден во ставот дека аргентинецот би бил подобар избор за нападот на својот тим од Ерлинг Халанд кој премина во Борусија Дортмунд и бележи феноменални настапи.

Мартинез има вртоглаво висока клаузула од 111 милиони евра, меѓутоа со оглед на тоа што Интер има финансиски проблеми поради короната, лесно може да се смени ситуацијата и да го продадат за 80 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *