Коло богато со голови во Македонската прва фудбалска лига

Коло богато со голови во Македонската прва фудбалска лига

Во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига се одиграа 5 натпревари, додека пак 6 беа одложени поради ситуацијата со корона вирусот. Најголемото дерби на колото беше градското скопско дерби помеѓу тимот на Работнички и Шкупи од Чаир. Во натпревар во кој не видовме претерано многу шанси, двата тима со своите израмнети сили и претстави успеаа да ги поделат бодовите со конечен резултат од 2-2.

Во струмичкото дерби помеѓу Академија Пандев и Беласица, гостите беа подобриот противник откако победија со 1-2. Велешки Борец издоминира на домашен терен против Битолчани и славеа против Пелистер со 3-0. Вардар, иако со црвен картон успеаа да стигнат до нерешен резултат од 2-2 на гости кај Струга Трим, додека пак во тетовското дерби, Ренова беше поразена од шампионот Шкендија со 1-3, која во меѓувреме и оваа сезона останува доминатна на првата позиција, иако не така убедлива како претходната сезона. Утре во Кратово ќе се комплетира колото со дуелот помеѓу Силекс и Македонија Ѓорче Петров.

Уште еднаш резултатите:

Академија Пандев 1-2 Беласица

Борец 3-0 Пелистер

Работнички 2-2 Шкупи

Струга Трим 2-2 Вардар

Ренова 1-3 Шкендија

Во прилог и табелата од Првата македонска фудбалска лига.

лига

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *