Македонската ракометна репрезентација ја оствари втората победа во евро-квалификациите

Македонската ракометна репрезентација ја оствари втората победа во евро-квалификациите

Македонската ракометна репрезентација успеа да ја совлада репрезентацијата на Швајцарија за да ја реализира втората победа во Групата – 7 за Европското првенство 2022. Во Шафхаузен нашите ракометари ја совладаа домашната селекција со резултат од 25:23.

Првото полувреме се играше прилично изедначено, па резултираше со полувреме од 10:10. На почетокот на второто полувреме, домаќините покажаа поголема иницијатива па поведоа со 18:15. Во вторите 15 минути, македонските ракометари успеаја да направат серија од 5:0 и да го преземат водството.

Лазаров со шест гола беше најефикасен, а по него веднаш Стоилов со постигнати 5 гола ја зацементираа победата. Од противничкиот табор најефикасен беше Андре Шмид со постигнати шест голови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *