Робот инфлуенсер достигна 300,000 фанови

Робот инфлуенсер достигна 300,000 фанови

Инфлуесерите имаат нова ѕвезда во бизнисот

Како што напреднува технологијата, така се отвара и нов пазар за вештачката интелигенција. Додека сите мислат дека таа ќе дојде да врши опасни работи кои се ризични по живот за луѓето, сепак се проби во прилично нова гранка.

Станува збор за инфлуенсерите. Големиот наплив на „живи“ инфлуенсери доби нов ривал во @imma.gram, која навидум изгледа како нормална девојка, но таа е робот што заработува вистински пари.

Happiness At Home With imma|IKEA Japan - IKEA

Според маркетинг експертите, се очекува брендовите да трошат околу 15 милијарди долари на т.н. инфлуенсер маркетинг до 2022 година.

Голем дел од тие пари припаѓаат на виртуелни влијатели кои се пробиваат на маркетот.

„Виртуелните инфлуенсери, иако се лажни, имаат вистински деловен потенцијал. На долг рок, поевтино е да се работи со нив отколку со луѓе. „100 проценти од нив можат да се контролираат и можат да се појават на неколку места одеднаш, и што е најважно, тие никогаш не остаруваат и не умираат“,

вели еден експерт за маркетинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *