Во Албанија стапува на сила полицискиот час

Во Албанија стапува на сила полицискиот час

Албанија од денеска воведува полициски час. Ваквата мерка ќе биде во сила од 22 до 6 часот, а казната за непочитување изнесува 80 евра.

Се затвораат и угостителските објекти, освен оние кои имаат услуга за достава, додека пак јавната администрација ќе работи главно онлајн или со ротација, со строго почитување на протоколите.

„Ограниченото движење почнува од денеска и ќе трае три недели што, сепак, зависи од епидемиолошката состојба со ковид-19. Од оваа одлука се изземаат само службите за итни потреби, односно секторите електродистрибуција, водовод, телекомуникации, противпожарните единици и медиумите“,

информираше Огерта Манастирлиу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *