Словенија: Рекорден број на починати од Ковид-19

Словенија: Рекорден број на починати од Ковид-19

Во Словенија во последните 24 часа починале рекордни 40 пациенти заразени со коронавирус, а потврдени се 2.217 нови случаи, што е повеќе од двојно во однос на претходниот ден.

Како што соопшти министерот за здравство Томаж Гантар, од последниот пресек се тестирани 7.515 лица, од кои 29,5 % биле позитивни, што е раст во однос на претходниот ден кога позитивни биле 24%.

Во Словенија од почетокот на епидемијата се заразени 48.934 лица, од кои 645 починале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *