Откриен череп стар 2 милиона години

Откриен череп стар 2 милиона години

Австралиските истражувачи велат дека во Јужна Африка откриле череп стар два милиони години , што обезбедува уште подобар увид во еволуцијата на човечкиот вид.

Тоа е череп на машки примерок од видот Paranthropus robustus, кој е во роднинска врска со хомо еректус, вид за кој се верува дека бил директен предок на современите луѓе.

Двата вида, пишува Би-Би-Си, живееле во ист временски период, но Paranthropus robustus изумрел пред хомо еректус.

Тимот истражувачи што го пронашле черепот, откритието го опишаа како „возбудливо“.

„Повеќето фосилизирани остатоци се обично еден заб тука и таму, па затоа е многу ретко да се најде вакво нешто“, рече за Би-Би-Си Анџелина Лис, член на истражувачкиот тим на универзитетот Ла Троб во Мелбурн, која пронашла остатоци од черепот во 2018 година на археолошкиот локалитет Дримолен во Јужна Африка, по што тие биле реконструирани.

Остатоците од черепот се пронајдени на само неколку метри од местото каде што е пронајден черепот на дете од видот Хомо еректус во 2015 година.

Џеси Мартин, истражувач од истиот тим, изјави за Би-Би-Си дека ракувањето со остатоците на черепот е како „да се работи со влажен картон“ и додаде дека тие користеле пластични сламки за да ги исцицаат последните парчиња прашина од остатоците на черепот.

Што велат научниците?

Научниците веруваат дека пред два милиони години во Јужна Африка живееле три вида хоминини (суштества слични на луѓе), кои се натпреварувале едни со други во борбата за опстанок, а откривањето на таков череп е редок доказ за т.н. микроеволуција во историјата на човечкото потекло.

Paranthropus robustus имал големи заби и мал мозок, што го разликувало од хомо еректус кој имал поголем мозок и помали заби. За членовите на видот Paranthropus robustus се верува дека јаделе тврди растенија, па дури и дека лаеле.

„Со текот на времето, припадниците на видот Paranthropus robustus развија способност да генерираат и да издржат поголема сила при џвакање тврда храна“, рече др. Лис.

Научниците велат дека е можно влажното опкружување предизвикано од климатските промени да го намалило количеството храна што им била достапна. Во меѓувреме, Хомо еректус веројатно јадел и месо и растенија со помалите заби.

„Овие два различни вида претставуваат дивергентни еволутивни експерименти“, рече др. Лис.

„Иако потекнувавме од видовите кои ја освоија таа еволутивна трка, пред два милиони години, според она што ни го кажуваат фосилите, имало многу повеќе Paranthropus robustus отколку Homo Erectusa “, заклучува тaa.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *