На денешен ден во историјата(16.11) Хронологија

На денешен ден во историјата(16.11) Хронологија

На денешен ден во историјата се случиле следниве важни настани:

2001 година – Хари Потер и филозофскиот камен ја има премиерата
Филмската верзија на истоимената популарна книга напишана од авторот Џ.К. Роулинг ја толкуваше Даниел Редклиф како Хари Потер и ја следеше првата година на Потер во Хогвортс, училиштето за магија.

историјата

1988 година – Естонците прогласија суверенитет од СССР
Естонците ја издадоа Декларацијата за естонскиот суверенитет како дел од Пејачката револуција. Декларацијата го прогласи естонскиот суверенитет од Советскиот сојуз и ги прогласи естонските закони како доминанттни пред советските закони. Денот сега се слави како Ден на прогласување на суверенитетот.

историјата

1965 – Русите ја лансираат „Венера 3“
Првата вселенска сонда што слета на друга планета – Венера. За жал, поради технички проблеми, не била во можност да испрати никакви податоци назад на Земјата. Првата вселенска сонда што испрати податоци од друга планета на Земјата беше Венера 7.

историјата

1945 година – основана УНЕСКО
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура е посебна гранка на Обединетите нации која промовира мир и благосостојба преку образование, научна соработка и културно разбирање и размена. Седиштето е во Париз, Франција и има 195 држави членки.

1940 година – запечатено гето во Варшава
Најголемото еврејско гето во Полска, окупирано од нацистите, гетото Варшава, беше создадено во октомври 1940 година со германски декрет. Според декретот, сите Евреи во градот морале да се преселат во гетото, кое било затворено и имало војници и полицајци што го чувале однадвор 24 часа на ден. Гетото било сцена на едно од најголемите еврејски востанија за време на Втората светска војна во 1943 година.

Родени на овој ден – 16 ноември
1977 година Меги Џиланхол – американска актерка.

1952 година Шигеру Мијамото – јапонски дизајнер на видео игри, ги создаде Нинтендо култ класиците, Марио и Легендата за Зелда.

историјата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *