Македонци готват вкусни деликатеси во дивината- Светско, а наше (ВИДЕО)

Македонци готват вкусни деликатеси во дивината- Светско, а наше (ВИДЕО)

Во стилот на светски познатите Инстаграм и ЈуТјуб канали каде што странски готвачи приготвуваат најразлични национални деликатеси на отворено во природа, тројца македонски ентузијасти за традиционални специјалитети се на пат да креираат бренд кој може да достигне светски рамки. Овие тројца другари од Кочани креираат феноменални видеа со одличен квалитет и монтажа, иако со ограничена опрема, а она што го приготвуваат пред камерите ќе ве натера и самите да се обидете да приготвите нешто во сличен стил.

ЈуТјуб каналот се вика Bushcraft Kitchen, а на него веќе се објавени десетина видеа кои пленат со својот диверзитет, уникатност и препознатливост.

„Ние сме тројца Кочанчани и започнавме да снимаме интересни видеа, спој од готвење и уживање во природата. Ова е нашето прво видео, па би сакале да добиеме критики и пофалби за да бидеме подобри во наредните видеа.“, велат авторите на првото видео кое го имаат објавено на својот ЈуТјуб канал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *