Објавена листата на 10 најдобри градови за живеење, Токио на прво место

Објавена листата на 10 најдобри градови за живеење, Токио на прво место

Глобал фајненс ја објави листата на 10 најдобри градови за живеење во светот за 2020 година.

Рангирањето е направено според економската моќност, истражувачкиот потенцијал и развој, културата, можноста за добар живот, животната средина, пристапност, БДП по глава на жител и според нановиот ранкинг, смртни случаи од Ковид-19 по милион жители во државата.

Првите шест фактори (економската моќност, истражувачкиот потенцијал и развој, културата, можноста за добар живот, животната средина, пристапност) се прибавени преку Global City Power index, кој прави пресек на различните аспекти на живот во градовите. Податоците за БДП-то е според статистиките на Светска Банка (World Bank Database), а бројот на починати лица од Ковид-19 се пресметува според пресекот од статистика на  Johns Hopkins University и Statista .

Најдобри градови за живеење во 2020 година:

1. Токио, Јапонија,

2. Лондон, Велика Британија,

3. Сингапур,

4. Њујорк, САД,

5. Мелбурн, Австралија,

6. Франкфурт, Германија,

7. Париз, Франција,

8. Сеул, Јужна Кореја,

9. Берлин, Германија,

10. Сиднеј, Австралија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *