Флојд Мејведер ѝ помогнал на келнерка да си ги намали градите

Флојд Мејведер ѝ помогнал на келнерка да си ги намали градите

Џон Шахиди во интервју за „Impaulsive“ ја откри нежната страна на најбогатиот боксер на денешницата, Флојд Мејведер

Шахиди е познат по тоа што управува со компанија која се грижи за развивање на кариерите на познати Youtube ѕвезди. Во приказната која ја раскажал на подкастот тој откри дека Мејведер ѝ дал на келнерка 10 илјади долари и целосно ѝ го променил животот.

Мејведер ја прашал келнерката што таа би направила кога би ги имала сите пари на светот. Нејзиниот првичен одговор бил дека би се ослободила од долгот која го имала на картичката. Сепак, боксерската ѕвезда побарал од келнерката да биде поискрена со себе. Потоа, келнерката која била малку покрупна, одговорила дека би сакала да ги намали своите гради.

Мејведер кога прашал колку би чинело тоа, келнерката претпоставила дека би било околу шест или седум илјади долари. Кога ја чул цената, при заминување од ресторанот тој оставил 10 илјади во плик и ги дал на келнерката. Ова се случило во Лас Вегас и требало да остане тајна, но понекогаш не е вистина дека тоа што се случува во Вегас, останува во Вегас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *