Machine Gun Kelly работи на мјузикл за неговиот најнов албум

Machine Gun Kelly работи на мјузикл за неговиот најнов албум

Фановите на Machine Gun Kelly нема да чекаат долго за да го видат мјузиклот „Tickets To My Downfall“ на кој раперот работи заедно со MOD SUN

Минатиот месец, раперот откри дека се работи на филм базиран на неговиот број еден албум „Tickets To My Downfall“. На крајот од октомври, Machine Gun Kelly потврди дека е завршено снимањето на проектот и дека станува збор за мјузикл.

Оваа недела, Machine Gun Kelly даде мала информација околу премиерата на филмот, како и неговите планови за наредниот албум.

Во видео интервју за „AskAnythingChat“, раперот потврди дека мјузиклот ќе ја има својата премиера во наредните недели.

„Почетокот на декември, најверојатно првата недела од декември“

изјави MGK

Во претходно интервју за NME, мјузиклот го опиша како „pop-punk Grease“ кој е снимен за само четири дена.

Мјузиклот ќе биде првото искуство за Machine Gun Kelly како режисер. Инспирацијата за ова произлегло од шега која ја имале заедно со MOD SUN. Тие двајца би рекле дека треба да одат да го гледаат Grease 2 кога сакале да излезат од одредени ситуации.

„Можеби таа шега ја инспирираше целата идеја, бидејќи сега правиме нов pop-punk Grease. Снимањето беше, како да снимаме 14 музички спотови едно по друго, но со нарација надвор од моите лични приказни“

Покрај раперот, нарација ќе врши и тапанарот Тревис Баркер.

Во текот на интервјуто, MGK откри и дека планира да пушти продолжение на албумот „Tickets To My Downfall“ во 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *