„People“ објавија кој е нивниот избор за најсекси маж за 2020 година

„People“ објавија кој е нивниот избор за најсекси маж за 2020 година

Мајкл Б. Џордан ја има честа да биде најсекси маж за оваа година според магазинот „People“

Актерот најпознат по своите улоги во „Black Panther“ и „Creed“ беше вчеравечер прогласен за време на шоуто на Џими Кимел.

Џордан се појави според сите прописи, облечен во жолт костум и носејќи секси насмевка.

Во интервју за „People“ магазинот, изјави дека жените во неговото семејство се „дефинитивно горди“ на неговото постигнување.

Со оваа титула, тој им се придружува на долга листа на победници како Џон Леџенд, Идрис Елба, Крис Хемсворт, Ченинг Тејтум, Дејвид Бекам.

„Сакам да пораснам, која и да е мојата следна еволуција. Сакам да имам влијание низ целиот свет ,а не само преку улогите што ги играм“

изјави Мајкл Б. Џордан

Најсекси мажот се надева дека во блиската иднина ќе основа свое семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *