Студено време со ветер и услови за снег на повисоките места

Студено време со ветер и услови за снег на повисоките места

И утрово времето е прилично студено и ветровито, па затоа и загаденоста е значително намалена во изминатиов период. Во текот на денот времето ќе продолжи да биде облачно со засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а некаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне 8 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *