Халанд ја освои наградата “Златно момче”, па постигна 4 гола

Халанд ја освои наградата “Златно момче”, па постигна 4 гола

Откако ја освои наградата “Златно момче” (Golden Boy), фантастичниот Ерлинг Халанд во победата на Борусија Дортмунд над тимот на Херта Берлин нагости од 2-5, успеа да забие четири гола во мрежата на домаќинот.

Херта водеа по првото полувреме со 1:0, но 20-годишниот Норвежанец во второт ополувреме беше неверојатен со хет-трик за 15 минути, за да додаде уште еден, пред да биде заменет со 16-годишниот Јусуфа Мукоко, кој стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата.

Интересна случка имаше по крајот на мечот кога тренерот на Дортмунд, Фавр, не знаеше колку гола постигнал Халанд.

„Да бидам искрен, по натпреварот Фавр ме праша колку гола дадов. Ми рече: ‘Три?’. Не, четири, само четири бидејќи ме извади предвреме. Малку сум лут, но тоа е тоа“, вели во шега Халанд.

Фавр ја потврди оваа верзија на настаните.

„Вистина е, бидејќи јас не ги бројам само головите, туку и додавањата“, изјави Фавр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *