И бензините и дизелот поскапуваат од вечерва

И бензините и дизелот поскапуваат од вечерва

Од полноќ вечерва ќе поскапат бензините, а и дизелот ќе се зголеми за 1,5 денари, по најновата одлука на Регулаторната комисија (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе сепродава за 62,5 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар и изнесуваат по 53 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,020 денари з акилограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе чини 28,501 денар.

РКЕ посочува дека зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати се должи на зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Минатата недела се бележи пораст од 7,367 отсто кај бензините и за 8,449 кај дизелот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *