Мистеријата со монолитите е конечно решена

Мистеријата со монолитите е конечно решена

Мистеријата со монолитите е конечно решена. Чудењето од целиот свет кога се појави првиот монолит во пустината во Јута беше толку големо што многу луѓе почнаа да шпекулираат дека станува збор за различни феномени, како вонземјани и некои други теории. Потоа се појавија монолити и во Романија и Флорида.

По различните теории покренати од чудните појави и исчезнувања на метални монолити ширум светот, оваа мистерија сега е решена и не беше она што повеќето луѓе мислеа.

Според „Њујорк Пост“, станува збор за мала заедница на уметници кои очигледно ја презедоа одговорноста за овие чудни појави кои несомнено зачудија многу луѓе.

На Инстаграм, акаунт со името „Најпознати уметници“ објави фотографија на која се гледа како човек прави тристран метален монолит.

„Автентични димензии и музејски квалитетни материјали, вклучена испорака и инсталација, сертификат за автентичност, потпишано од „Најпознатите уметници за 2020 година“, беа некои од речениците што беа додадени на објавената фотографија.

Неколку корисници на Инстаграм коментирале на фотографиите каде се гледа како ги прават металните конструкции:

„Дали бевте вие?“ – по што тие веднаш одговорија позитивно.

Благодарение на оваа реклма, истите уметници, сега на овие метални монолити им ставија цена од 45.000 американски долари.

На прашањето зошто се одлучиле на ваков перформанс, одговориле дека не постои подобар начин да се заврши оваа проклета година, отколку тоа луѓето да поверуваат дека и вонземјани ја посетиле нашата планета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *