Тутунарите во Прилеп излегоа на улиците на протест

Тутунарите во Прилеп излегоа на улиците на протест

Пред споменикот „Прилепски бранители“, во 12 часот започна денешниот предупредувачки протест на тутунопроизводителите во Прилеп.

Тие се незадоволни од бавниот откуп и ниските цени на тутунот: Од 23 илјади тони колку што тежи годинашниов род на тутунот досега се откупени само 250 тони по просечна откупна цена од околу 135 денари. Лани пак во истиот период биле откупени 10 илјади тони по просечна откупна цена од 220 денари, тврдат од сојузот на тутунските здруженија, пишува порталот Маркукуле.

Доколку и понатаму нема промена, од утре тутунарите предупредија дека ќе ги блокираат и откупните центри. (ВИДЕО)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *