Расте поддршката на американската јавност за Џо Бајден

Расте поддршката на американската јавност за Џо Бајден

Американската јавност се повеќе го поддржува извесниот новоизбран претседател на САД, Џо Бајден. Според Галуп, неговата поддршка по изборите, околу кои драмата и понатаму трае, е зголемена за шест процентни поени, така што сега изнесува 55 проценти. Од друга страна, поддршката за актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, опадна за три поенти и сега изнесува 42 проценти.

Во април, кога започнуваше пандемијата, рејтингот на Трамп изнесуваше 49 проценти, додека пак актуелниот рејтинг на Бајден е највисок од февруари минатата година, два месеци пред да ја објави својата кандидатура за претседател, кога изнесуваше 56 проценти.

Според овие податоци, Бајден сега е попопуларен отколку што Трамп бил за време на целиот маднат на своето претседателство. Тој, всушност, никогаш, во ниту една анкета, немал  рејтинг поголем од 50 проценти.

Во текот на октомври, иако повеќето телевизии се продемократски, на анкетите на Си-Ен-Ен, Њујорк Тајмс и некои други, популарноста на Бајден била над 50 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *