Каква е иднината на традиционалните медиуми?

Каква е иднината на традиционалните медиуми?

Интернетот претставува голем дел од нашите животи. Во изминатите децении, дигиталната трансформација беше во прв план на секој сектор и индустрија, а особено медиумите. Сепак, традиционалните медиуми продолжуваат да остануваат многу популарни и важни во секојдневниот живот на граѓаните. Многу поединци сè уште слушаат радио додека возат кон работа, читаат весници пред работа или на патување и секако, гледаат телевизија после работа или навечер со своето семејство. Но, во текот на последните 20 години, интернетот зазеде важен дел од нашето општество. Ова е особено истакнато кај младата публика. Овие лица едноставно не го познаваат светот без Интернет.                           

Транцизијата кон дигиталното информирање

Оваа транзиција кон дигиталното има огромно влијание врз традиционалните медиуми. Тие мораа  да најдат нови решенија за да останат конкурентни. Нови форми на медиуми ја зазедоа индустријата за краток временски период, со лесен и слободен пристап до информации преку интернет, а традиционалните медиуми како што се телевизијата или весниците ризикуваат да застарат. Постои зголемена употреба на онлајн платформи како што се ЈуТјуб или Нетфликс кои зедоа дел од пазарот на ТВ-гледачите, а онлајн весниците и социјалните медиуми полека ги заменуваат традиционалните весници.

За илустрација на оваа точка, ако ја погледнеме француската заедница, времето поминато пред ТВ во 2013 година било супериорно во однос на времето поминато на интернет, а во 2018 година е обратно. Луѓето имаат тенденција да претпочитаат нови канали за информации и забава поради леснотијата на пристап до целиот свет и во реално време. Некои од клучните предности на дигитализацијата е слободната структура на повеќето платформи, обемот на достапни информации, како и можноста за постојана интеракција со опција за коментар и повратна информација.

Интернет медиуми против традиционални медиуми

Сепак, постојат некои недостатоци што се појавија со зголемувањето на мрежите на интернет. Главните проблеми лежат во недостатокот на регулатива во врска со онлајн платформите и недостатокот на веродостојност на информациите споделени на овие платформи. Бидејќи веќе како пример беше спомената Франција, истражувањето направено од институтот ЕФАП покажало дека во 2018 година, само 25% од Французите имале доверба во изворите на интернет наспроти 56% во радиото, 52% во печатот и 48% во телевизијата.

Покрај тоа, поради количината на медиумски извори на интернет, се поголем број креатори на содржини се обидуваат да се разликуваат преку создавање клик-бејт содржини и лажни вести наместо да даваат вистинити информации. Реагирајќи на смената на индустријата, некои традиционални медиуми се обидоа да ја прилагодат својата стратегија создавајќи дигитализирана верзија на нивната понуда. Повеќето од телевизиските канали кај нас имаат и онлајн портал каде гледачите имаат можност да ги прочитаат речиси истите содржини кои ги пропуштиле на телевизија, или пак немаат време и шанса во денот да уживаат пред телевизорот.

Како традиционалните медиуми опстојуват низ светот

Како и да е, многу помали традиционални медиуми не успеаја да се прилагодат дигитално и мораа да се затворат. На пример, над 200 локални весници со седиште во Велика Британија се затворија во последните 10 години поради експлозијата на приходи од вести и реклами на Интернет, кои се префрлија на дигитални канали. Поради оваа промена, индустријата за рекламирање се префрли и се фокусира повеќе на мрежните медиуми за да го следат социјалното однесување и да останат конкурентни. Ова влијаеше, уште повеќе, на традиционалните медиуми кои се бореа да добијат доволно пари од приходите од реклами. Овој феномен е особено очигледен во Соединетите држави, каде што рекламирањето преку интернет преминало од учество од 4% во 2000, на 42% во 2019 година.

Каква е иднината?

 Дигиталните медиуми се број еден давател на информации во однос на уделот на пазарот. Сепак, традиционалните медиуми наоѓаат нови начини да останат конкурентни и да вклучат дигитализација во нивните деловни модели. На крајот на денот, традиционалните медиуми не се мртви и сè уште играат важна улога во здравата мешавина на медиуми, бидејќи ретко кој може да одолее на традиционална, фактографски поткрепена, избалансирана и доверлива приказна каква што може да дознаеме од традиционалниот медиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *