Новак Ѓоковиќ се поднови со нова вила

Новак Ѓоковиќ се поднови со нова вила

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ се поднови со нова „скромна“ вила во Марбела, Шпанија

Србинот има престојувано во оваа куќа претходно додека се подготвувал за турнири. Самиот балкон, нуди поглед кон морето.

На социјалните мрежи, увид дадоа и самиот пар, преку фотографии објавени на нивните Инстаграм профили.

Според шпанските медиуми, овој дом го чинел српскиот тенисер 10 милиони евра. Вилата е сместена на луксузна локација и има неверојатен поглед на море и планини. Кога станува збор за внатрешноста, куќата има девет соби и осум бањи, две соби за гости, теретана, соба за билијард и пинг-понг, домашно кино и дури тениски терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *