Одобрени 99 инфраструктурни проекти за 75 општини со 35 милиони евра

Одобрени 99 инфраструктурни проекти за 75 општини со 35 милиони евра

Владата на Република Македонија на денешната редовна 28-ма седница донесе Одлука со која е одобрена предлог листа на проекти од општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамената на финансиските средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините и што се прифатени со оваа одлука на Владата на Македонија.

На денешната седница е донесена и Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради КОВИД – 19 кризата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *