Приведени четворица разбојници од Кавадарци

Приведени четворица разбојници од Кавадарци

На 09.12.2020 од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода биле лишени И.В.(19), Д.Џ.(18), Е.О.(34) и Е.О.(27), сите од Кавадарци, поради основано сомнение дека извршиле повеќе кривични дела. Притоа, од Е.О. е одземено патничко возило „пежо“, без регистарски ознаки, кое е користено при вршење на кривичните дела, а во возилото е пронајдена и одземена секира која е употребена при вршењето на делата.

Четворицата кавадарчани во повеќе наврати во периодот 03 – 09.12.2020 имаат извршено тешки кражби од кругот на пумпната станица, сопственост на фирма од Кавадарци, во м.в. Пумпите, атар на с.Ресава. Причинетата вкупна материјална штета е во износ од 917.550 денари (околу 15.000 евра).

Против осомничените до Основното јавно обвинителство во Кавадарци ќе биде поднесена кривична пријава по чл.236 ст.2 од Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *