Соработка меѓу Велика Британија и Русија за развивање на посилна вакцина

Соработка меѓу Велика Британија и Русија за развивање на посилна вакцина

Научниците зад вакцината „Оксфорд/АстраЗенека“ од Велика Британија и руските научници зад „Спутник V“ ќе ги спојат силите за креирање на подобра вакцина

Од двете страни веруваат дека мешањето на две слични вакцини би можело да креира подобар имунолошки одговор кај луѓето. Што се однесува до тестирањето, тоа ќе се одвива во Русија, но не е познато колку доброволци ќе учествуваат во истото.

Оксфорд објавија извештај кој потврдува дека нивната вакцина е безбедна и ефективна. Единствениот фактор кој остана непознат, е колкава заштита им дава на старите лица. Од оваа причина, британските регулатори сѐ уште немаат дадено зелено светло на Оксфорд.

Слично експериментирање со повеќе комбинации од вакцини спроведува и АстраЗенека која пробува да креира подобра заштита и имунолошка реакција. Причината зошто вакцините на Оксфорд и Русија се комбинираат е поради генетскиот материјал од протеинот на коронавирусот што го содржат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *