Лејкерс на подготовките подобри од градските ривали Клиперс

Лејкерс на подготовките подобри од градските ривали Клиперс

НБА-лигата полека се враќа, откако тимовите ги одиграа првите подготвителни натпревари пред стартот на новата сезона која е закажана за 22. декември. Бранителот на титулата ЛА Лејекрс со победа ги отвори контролните мечеви, совладувајќи ги Клиперси со 87-81.

До првата победа, „езерџиите“ дојдоа без Леброн, Гасол, Дејвис. Најефиласни беа Такер со 19 поени и 9 скока, еден поен помалку постигна Кузма, кој имаше и пет асистенции. На другата страна Пол Џорџ имаше десет поени, Кавај Ленард три.

НБА-тимовите ќе одиграат 49 пријателки натпревари, секоја екипа ќе одигра најмалку два натпревари во периодот од 11 до 19 декември. Во регуларниот дел од сезоната предвидено е да има 72 меча.

Резултати:

  • Атланта – Орландо 112-116
  • Детроит – Њујорк 84-90
  • Чикаго – Хјустон 104-125
  • ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 87-81
  • Портланд – Сакраменто 127-102.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *