Најубавите божиќни песни на волшебниот Френк Синатра

Најубавите божиќни песни на волшебниот Френк Синатра

Интересно е како штом се наближи декември, одеднаш сите не обзема таа празнична еуфорија во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Семејството се зближува, топлината на домот доаѓа до израз, можеби се качува и по некој килограм, но дефинитивно зимскиот период се оние денови во кои се чувствуваме најсплотени и блиски. Почнуваме да декорираме, украсуваме, можеби и да трошиме по некој денар повеќе, но исто така, секогаш се потсетуваме на незаборавните празнични нумери кои имаат култно значење и се вистинско обележје на најубавиот период од годината низ целиот свет.

На денешен ден во 1915 година е роден вонсерискиот американски пејач и глумец со волшебен глас, Френк Синатра. Ежи помислата за тоа колку парови се вљубиле токму на неговите песни и глас кој хипнотизира, разделувајќи се под уличните светла на заледениот плочник во снежна декемвриска ноќ, во која се создадени топли спомени вмрежани во срцето и умот засекогаш.

Во исчекување на најубавиот период од годината, ве оставаме со некои од најпрекрасните божиќни песни на Френк Синатра. Време е да ги запалите сијаличките, да си направите топол напиток и да уживате во студениот декемвриски викенд, кој иако без снег, го нуди она што е најважно, а тоа е топлината на домот.

Комплетната плејлиста може да ја слушате овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *